МЗТ во следната сезона само во Аба Лигата
Објавено на 01/08/2017 | Slider, КОШАРКА, МАКЕДОНСКИ СПОРТ

МЗТ Скопје не се пријави за Еврокупот во кошарка ФИБА или Лигата на Шампионите, и од следната сезона ќе се натпреварува само во Аба лигата, и македонското првенство.

Причината за ова, според управата на клубот, е што тие ќе се соочат со сериозни предизвици во исклучително силната АБА лига со само 12 учесници, а во исто време ќе се борат за два трофеи во македонското првенство и Купот.

Новиот тренер на МЗТ Скопје, Александар Тодоров го врати Дамјан Стојановски во аеродром, а во моментов на располагање има и двајца други македонски репрезентативци, Марко Симоновски и Адам Мекиќ, како и американскиот одбранбен играч Ксавиер Темс. Се очекува ростерот да биде дополнет со неколку странски играчи.

Тагови