На повидок најголемата трампа во НБА
Објавено на 23/08/2017 | КОШАРКА, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Сагата околу иднината на бекот на Кливленд Кавалирс Каиро Ирвинг е кон својот крај, откако раководството инсистираше неговиот тим да се договори за трансфер со Бостон Селтикс.

Според информациите на медиумите кој се повикуваа на одличен запознаен извор, во замена “Кавалирс” ќе ја добијат ѕвездата на “Келтите” Ајзер Томас, како и крилото Џеј Краудер, и центарот Анте Зизиќ и правото на избор во Драфтот во 2018-та година на Бруклин Нетс.

Потсетуваме дека пред околу еден месец 25-годишниот Ирвинг сам посака да го напушти Кавалирс, истакнувајќи како причина желба да биде во тим кој ќе биде изграден околу него, како и тоа дека не сака повеќе да игра рамо до рамо со Леброн Џејмс.

Тагови