Начевски и Николов ќе им судат на Веспрем и ПСЖ
Објавено на 12/05/2017 | МАКЕДОНСКИ СПОРТ, РАКОМЕТ

Фајнал форот во европската ракометна Лига на шампионите нема да помине без судии од Македонија, иако имаме претставник меѓу најдобрите четири. Македонците Ѓорги Начевски и Славе Николов, ќе им судат на Веспрем и Париз Сен Жермен.

На Вардар против Кирил Лазаров и Борко Ристовски и нивната Барселона ќе им судат чешкото дуо Вацлав Хорачек и Јири Новотни.

Распоред на фајнал форот во Келн

сабота, 06.03.2017 во 15:15 часот. – полуфинале 1

Телеком Веспрем (Унгарија) – Париз Сен Жермен (Франција)
Судии – Славе Николов и Ѓорги Начевски (МКД)

сабота, 06.03.2017 во 18:00 часот. – полуфинале 2

ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА) – Барселона Ласа (Шпанија)
Судии – Вацлав Хорачек и Јири Новотни (Чешка)

Во недела, 06.04.2017 во 15:15 часот.

3/4 место: /
Судии – Матија Губица и Борис Милошевиќ (Хрватска)

Во недела, 06.04.2017 во 18:00 часот.

Финале:
Судии – Ларс Геипел и Маркус Хелбиг (Германија)

Тагови