Надал: “Да не беше Тони ќе бев фудбалер”
Објавено на 12/06/2017 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО, ТЕНИС

Рафаел Надал го коментираше влијанието на чичко му Тони во неговата тениска кариера.

“Мислам дека сум подготвен да патувам по турнирите веќе без Тони. Не е некоја револуција, само тој оцени да не патува повеќе со мене и јас ја почитувам неговата одлука. Организацијата ќе биде различна, но не е огромна промена. Односите нема да ни се менуваат, јас ќе продолжам да го слушам неговото мислењето, само ќе донесам сам одлуки, сепак сум на 30 години, а не на 14. Но без Тони ќе бев фудбалер, а не тенисер, па е очигледно дека без него немаше да постигнам ништо од успесите”, коментираше Надал.

Шпанецот во моментов го брка првиот трофеј на турнирот во Мајами.

Тагови