Надал и Федерер ја отворија заедно тениската академија на шпанецот
Објавено на 19/10/2016 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО, ТЕНИС

Рафаел Надал и Роџер Федерер, ја открија заедно новата академија на шпанскиот тенисер во родниот град на Рафа во Манакор. Швајцарецот изјави дека е среќен што има чест да ја отвори заедно со Надал неговата академија.

“Среќен сум што сум тука. Знам каде ќе ги испратам моите деца, ако тие сакаат да научат како да играат тенис”, изјави Федерер.

Надал не му остана должен, па исто така му заблагодари што присуствувал.

“За сите нас е многу важно што си тука. Ти треба да бидеш пример за децата во нашата академија”, изјави Надал (свртен кон Федерер).

Тагови