Надал ја освои 75-та титула во кариерата
Објавено на 09/10/2017 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО, ТЕНИС

Носителот на 16 титули од Гренд слем и светски број 1 Рафаел Надал за прв пат го докажа статусот на жива тениска легенда откако го крена 75-то одличје над главата! Матадорот го однесе темпераментниот Ник Кирјос со 6:2, 6:1 во финалето на турнирот од сериите АТР500 во Пекинг.

Од гледна точка на статистиката во историски план Надал ја освои 75-та титула во кариерата, освојувајќи го финалето број 110. Победата во 2017-та е 61-ва за него (9 порази). Исто така само во рамките на оваа година Надал веќе е лидер по признанија со 6 на сметка – “Мастерс” кои ги заработи во Монте Карло и Мадрид, АТР500 во Барселона и сега во Пекинг, како и “Ролан Гарос” и УС Опен.

Само во Пекинг пак финалето беше четврто за шпанецот, а титулата – втора за него по успехот во 2005 година, како оттогаш тој имаше два порази во финалето од Новак Ѓоковиќ во 2013-та и 2015-та.

Тагови