Натпреварот Џошуа – Пулев откажан
Објавено на 18/10/2017 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО

Натпреварот меѓу Кубрат Пулев и Ентони Џошуа на 28-ми октомври во Кардиф нема да биде одржан. Причината е повредата на бугарскиот боксер, а веста за откажувањето на дуелот беше прогласена официјално од промоторот Еди Харн. Тој открил дека Џошуа наместо со Кобрата ќе се соочи со Карлос Такам.

Претходно минатата ноќ стана јасно дека Пулев претрпел повреда за време на неговата обука во Берлин. Од неговиот штаб ги чуваат во тајност информациите за повредата, но по прегледот со Ехографија е потврдено дека бугаринот нема да може да се врати за битката со Џошуа. Тој има кинење на градниот мускул кон пазувите на десната рака и најверојатно ќе треба да се оперира. Се очекува да закрепне најмалку за еден месец.

За натпреварот на “Принсипалити Емирати” во главниот град на Велс беа продадени над 70 000 билети. Ова е прв случај во кариерата на Кобрата кај професионалците, во кој натпревар пропаѓа заради негова повреда.

Такам, има 36 години, тој е роден во Камерун, но има француски пасош. Како аматер, тој е шампион во тешка категорија од 2003 година. Има 35 победи и 3 порази.

Џошуа ги има светските титули на IBF, WBA и IBO од април оваа година, кога го порази Владимир Кличко. Шампион во верзијата на WBO е Ново Зеланѓанецот Џозеф Паркер.

Тагови