Навивачите со пари го “поздравија” Донарума

Гневот, особено на навивачите на Милан кон Џанлуиџи Донарума никако не стивнува. Откако пред неколку денови беше обелоденото дека најталентираниот голман во моментов нема да го продолжи договорот со Милан и дека воопшто не седнал на преговарачка маса со раководството, навивачите на Милан го “ставија” под нож. Социјалните мрежи се преплавени со коментари за него, а низ Милано веќе има графити од типот “Доларума”, “Никогаш како Буфон”, “Предавник” и сл.

Навивачите (најверојатно на Милан) вчера беа доста креативни. Во рамките на натпреварот помеѓу Данска и Италија кој се играше како дел од групната фаза од Европското Првенство за фудбал навивачите со лажни  долари фрлаа кон Донарума, а на трибината зад голот се појави и транспарент на кој пишуваше Доларума.

Гневот кон Донарума ќе се зголеми доколку се остварат очекувањата дека тој ќе потпише за ривалот Јувентус.

Тагови