НБА доби целосно нов распоред
Објавено на 21/08/2017 | КОШАРКА, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

НБА ја објави целосната програма за регуларната сезона 2017/2018, чиј почеток ќе биде даден на 17-ти октомври, а последната средба пред почетокот на плеј-офот ќе се одигра на 11-ти април следната година.

Календарот е потполно нов, така што за прв пат во историјата на Лигата, ниту еден тим нема да има “смртоносна” серија од 4 натпревари во рамките на 5 дена, како што често се случуваше – само минатата сезона слични настани имаше вкупно 20 пати.

Покрај тоа, бројот на натпревари во последователни дена, исто така е намален значително – по 14,3 во просек на тимот против 16.3 минатата сезона.

Друга новина ќе биде поделбата на програмата на недели, како натпреварите ќе бидат распределени во вкупно 26 недели, а структурата ќе помага на навивачите да се ориентираат полесно.

Тагови