НБА типови и анализи (12.03)
Објавено на 12/03/2018 | Slider, КОШАРКА, ТИПОВИ

Во НБА лигата се играат последните неколку натпревари од регуларниот дел на сезоната. Тимовите веќе ја креваат формата, борејќи се за што подобар пласман на табелата и добивање на полесен противник во разигрувањето.

Во продолжение ќе анализираме два предлог натпревари за вечерва.

Мемфис Гризлис – Милвоки Бакс 

Милвоки Бакс се мачат со формата на последните 10 натпревари, остварувајќи само 3 победи и дури 7 порази. Поради тоа тие паднаа на 8та позиција во Источната конференција. Тие изгубија поголем дел од натпреварите против ривалите од Истокот и вечерва потребна им е  победа за да ја вратат самодовербата, одново да фатат победнички ритам и со тоа да го подобрат пласманот на табелата, без да стравуваат за учество во плејофот. Вечерва му гостуваат на тимот на Мемфис, тим кој е очаен оваа година и кој е закован на последното место на табелата во Западната конференција.

Милвоки располага со одличен млад тим кој сеуште го нема достигнато целиот свој потенцијал кој го поседува. Во прилог им оди и камбекот на Џабари Паркер, кошаркар кој поседува неверојатен кошаркарски талент, но поради повреда го пропушти поголемиот дел од сезонава. Тука е и првата ѕвезда на екипата и All-star играч, Јанис Антетокунпо кој сезонава игра во извонредна форма, прераснувајќи во вистински суперстар и предводник на екипата. Од голема помош се и секогаш расположените за игра, извонредните шутери Ерик Бледсо и Крис Мидлтон. Овие четворица ќе бидат кошмар за секоја одбрана во плејофот, потребно е само повторно да ја вратат одличната форма.

Мемфис е екипа која не е кадарна за повисок дострел сезонава. За вечерва е најавено отсуство на двајцата најквалитетни играчи кои ги имаат во составот, а тоа се Тарик Еванс и Марк Гасол. Со недостатокот на овие двајца кои можеби се единствените светли точки во составот, Мемфис е потпросечна екипа и сезонава е лесен плен дури и за далеку послабите екипи од Милвоки.

Предлог тип: Милвоки Бакс -7,5 поени.

Наш предлог е лесна победа на тимот на Милвоки со повеќе од 7,5 поени разлика.

Портланд ТБ – Мајами Хит

Мајами игра одлична тимска кошарка, играчите ја подигаат формата од натпревар во натпревар и тоа резултираше со серија од 6 победи и само 2 порази на последните осум натпревари. Одличните игри ги донесоа на 7то место на табелата на Источната конференција. Тие годинава имаат солиден тим, а што е уште поважно имаат и квалитетна клупа со поединици кои навистина можат да направат сериозна штета кај противниците. Дополнително, Мајами ја врати својата играчка легенда, Двејн Вејд, кој иако е веќе ветерен во поодминати години, со враќањето во “својот” тим, ја препороди својата препознатлива форма и на последните неколку натпревари игра извонредно.

На другата страна, и тимот на Портланд игра одлично во последно време, предводени од својата прва ѕвезда Демиен Лилард кој на последните неколку натпревари игра во животна форма. Тимот под негово водство има девет победи по ред, искачувајќи се на високото 3то место на Западот.

На денешниот натпревар, екипата на Портланд е голем фаворит за победа според обложувалниците, но квотата за нивна победа е премала, во однос на разликата во квалитет на тимовите. Иако, Портланд е условно кажано “домашна” екипа која има добра шанса да ја продолжи победничката серија и да стигне до 10тата победа по ред, сепак овој натпревар ќе биде исклучително тежок и неизвесен. Повеќето од натпреварите кои ги добија, беа по заслуга на Лилард, кој играше симултанка во последната четвртина во крајно неизвесна завршница.

Таков натпревар се очекува и вечерва помеѓу овие две екипи.

Предлог тип: Мајами Хит +7,5 поени.

Наш предлог е тимот на Мајами Хит да не изгуби со повеќе од 7 поени разлика.

 

Тагови