NBA типови и анализи – играчи (07.03)
Објавено на 07/03/2018 | Slider, ТИПОВИ

Вечерва во Стејплс центарот ќе се сретнат екипите на ЛА Лејкерс и Орландо Меџик.

На овој меч се очекува слаба одбрана и голем број на постигнати поени. Кладилниците со право ја имаат дадено фаворитската улога на  тимот од ЛА бидејки не сметајќи го последниот пораз играат одлично, додека на другата страна Меџик играат очајно без многу интерес за победа.

Ниту на овој натпревар нема да настапи Брендон Инграм, што значи дека повторно Кајл Кузма ќе започне во стартната петорка, а исто така ниту бекот Џош Харт не е во составот. Сето ова оди во прилог на нашиот тип Ајзеа Томас, кој како играч кој влегува од клупата зема голем број шутеви. На натпреварот против Портланд имаше дури 21 шут од игра постигнуваќи 19 поени. Доколку, Ајзеа и вечерва земе толкав број на шутеви лесно треба да ја помине границата од 18.5 поени.

АЈЗЕА ТОМАС + 18.5

Тагови