Не е прва опција на Милан – Нианг на позајмица во Торино?
Објавено на 15/11/2014 | ФУДБАЛ

Екипата на Торино најавува јануарска понуда за напаѓачот на Милан, М`Баје Нианг, пренесува “Тутоспорт“. 19. годишниот играч се наоѓа на листата желби кај Торино кој ќе се обиде да го ангажира како позајмица до крајот на сезоната.

М`Баје во изминатото лето се врати на “Сан Сиро“ после успешниот период како позајмица во францускиот состав на Монпеље, но досега има два настапи и тоа влегувајќи како замена кај тренерот Филипо Инзаги.

Нианг во дресот на Монпеље имаше четири постигнати голови во 19. одиграни мечеви.

 

Тагови