Не е само Лазаров и Филип Јиха си замина од Барселона
Објавено на 04/08/2017 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, РАКОМЕТ

Филип Јиха веќе не е играч на ракометниот клуб Барселона Ласа! По две години во која најдобриот ракометар во светот за 2012 година не ја покажа својата класа од германски Кил, чешкиот лев бек мора да го напушти најуспешниот ракометен клуб  во историјата на спортот. Каде ќе ја продолжи кариерата 35 годишниот голгетер сеуште не се знае.

Пред него Барселона ја напушти и нашиот капитен Кирил Лазаров кој заедно со чехот освоија се што можеше да се освои со шпанскиот шампион.

Тагови