Некогаш дел од елитата, денес на самото дно

Лече

Долги години калчолигаш, а уште повеќе на релација Серија А – Серија Б. Поранешниот клуб на Мирко Вучиниќ, Хуан Квардадо, Антонио Конте, Грацијано Пеле, Фабрицио Миколи, Масимо Одо, Хавиер Шевантон, Гиљермо Џакомаци, Валери Боижинов долги години важеше за најсилна екипа на југот на Италија, но денес настапува Лега Про Ц и се наоѓа далеку од Серија А. Во сезоната 2011-2012 Лече испадна од Серија А и од тогаш никогаш повеќе се нема пласирано во елитата. Најголемиот успех го доживеа неколку години претходно кога заврши на 10. позиција.

Реџина

Уште еден клуб од југот на Италија кој некогаш беше многу незгоден противник на најсилните екипи во калчолигата. На Oресте Грањило пред нешто повеќе од 10 години порази забележаа Јувентус, Интер, Рома, Милан, но денес Реџина се наоѓа во Серија Д. Причина за падот на овој клуб во кој некогаш настапуваа Накамура, Родриго Ели, Франческо Ачерби, Алесандро Лукарели, Салваторе Лана, Хетемај, Стелоне, е скандалот Калчополи кога клубот беше казнет од страна на КОНИ.

Image result for reggina

Парма

Сигурно се сеќавате на Парма и нејзиниот банкрот од пред неколку сезони кога клубот мораше да замине во легендите. Клубот во кој својата кариера ја градеа Џанлуиџи Буфон, Лилијан Турам, Фабио Канаваро, Хуан Себастијан Верон, Марио Станиќ, Хернан Креспо, Адријан Муту и многу други фудбалери минатата сезона се прероди. Така Парма стана ССД Парма Калчо 1913 и патот кон славата го започна од најниската лига, Серија Д.

Други калчолигаши, денес нисколигаши:
Модена, Ливорно, Катанија, Пјаченца, Бреша….

Расинг Сантандер

Расинг Сантандер од 1994 до денес во Примера има одиграно 18 сезони. При тоа во сезоната 2008-09 настапуваше во УЕФА купот во иста група со ПСЖ, Манчестер Сити, Твенте и Шалке 04, денес се наоѓа во третата по ранг лига во Шпанија. Фелипе Мело, Фејзулин, Жигиќ, Стуани, Розенберг, Смоларек, Пињила, Мелберг се само дел од играчите кои оставија голем белег во клубот во минатата деценција. Три сезони клубот се мачи да стигне во втората лига што е неизбежно доколку сака повторно да се врати во Примера.

Image result for racing santander fc

Албасете

Клубот сопственост на Иниеста во 90те и на почетокот на 2000те настапуваше во Примера. Тогаш боите на овој клуб ги бранеа фудбалери како Иниеста, Елгуера, Мориентес, Ибањез, a последните неколку сезони клубот постојано настапува во третата по ранг лига на Шпанија.

Image result for albacete fc

Болтон

Kлубот кој повеќе од десет години непрекинато настапуваше во Премиер Лигата, а пред 10тина години настапуваше во УЕФА Купот. Ањелка, Јаскелаинен, Џеј Џеј Окоча, Ел Хаџи Диуф, Кејхил, Елмандер, Нолан, Наката, Класниќ, Фаје, Гудјонсен, Џоркаеф некогаш настапуваа за овој клуб кој последните неколку сезони е стандарден учесник во третата по ранг лига во Англија.

За потсетување, Болтон во квалификациите за УЕФА Купот играше и против екипата на Работнички која загуби со вкупен резултат од 2-1.

Некогашни премиерлигаши, а сегашни нисколигаши се уште: Чарлтон, Портсмоут, Виган, Фулам, Бирминген, Лидс, Дерби …

Image result for bolton wanderers

А се сеќавате ли на Арминија Билфилд, Алеманија Ахен, Ливорно, Ленс, Сошо, Оксер, Ханза Рошток, Мајорка, Рекреативо Хуелва, Сарагоза …? Сите тие своевремено беа дел од елитата, но сега играат во вторите, третите па и четвртите лиги во своите земји.

 

Тагови