Несторовски прв стрелец во Втората лига на Хрватска
Објавено на 15/11/2014 | ФУДБАЛ

Македонскиот фудбалски интернационалец реализираше нови три голови за својот клуб Интер-Запрешиќ, сите во триумфот на домашен терен над Лучко (3:0) во рамките од 16. коло во Хрватската Втора лига.

Погодоците беа постигнати во 35-та, 60-та и 66-та мин. од средбата, а на пет минути пред паузата заработи и еден жолт картон. Настапи до 83-та мин. кога беше заменет од Марин Пејиќ.

Да додадеме уште дека 24. годишниот напаѓач од Прилеп е на првото место на листата на стрелци со 14. голови.

Сигурно го води досега Интер-Запрешиќ (кој ја има првата позиција на табелата со 31. бод) кон прволигашкото друштво наредната сезона.

Ilija

Тагови