Невил победник во Полска
Објавено на 02/07/2017 | АВТО МОТО, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Пилотот на Хјундаи Тиери Невил го освои релито во Полска откако неговиот главен конкурент Од Танака со Форд Фиеста се урна во завршните фази на трката денес. Клубскиот колега на Танака – Себастијан Ожие го искористи инцидентот и се искачи за едно место напред, завршувајќи трет. На второто скалило на подиумот се искачи вториот пилот на Хјундаи Хајден Паден.

По саботните фази Невил и Танака беа во тесна битка за првата позиција, а утрово естонецот со Форд успеа да поведе, но за жал – за кратко. Две фази пред финалето тој го удри автомобилот во дрво и не успеа да земе поени од трката. Невил пак ја освои непречено третата победа од почетокот на сезоната и го намали заостанувањето во однос на Ожие во генералниот пласман на ВРЦ на 11 поени.

За вториот Паден ова е најдобар резултат од почетокот на 2017-та. Ожие остана трет, а во топ 4 влезе и последниот пилот на Хјундаи Дани Сордо.

Тагови