Незадоволни во Арсенал, Подолски и Кембел ќе и се придружат на “Старата дама“!
Објавено на 13/11/2014 | ФУДБАЛ

Италијанскиот фудбаслки шампион е заинтересиран за напаѓачите на англискиот премиерлигаш, Лукас Подолски и Џоел Кембел, пренесува “Тутоспорт“.

Оваа зима најверојатно ќе си замине од Јувентус Себастијан Џовинко, па затоа “бјанконерите“ се во потрага по нов офанзивен централен играч.

29. годишниот Подолски веќе неколку пати истакна дека е незадоволен од статусот кој го има кај Венгер. Досега четири настапуваше оваа сезона влегувајќи како замена во рамките од Премиерлигата, а во иста ситуација како германскиот интернационалец се наоѓа и Кембел.

Проблем за “Старата дама“ може да биде интересот од страна на Интер и Милан за двајцата споменати играчи.

Тагови