Никој не го сака фудбалерот на кој “Football Manager” му ја уништи кариерата

Дали се сеќавате на американецот Фреди Аду? Кој во 2004 година потпиша со ДС Јунајтед на 14-годишна возраст и беше сметан за иднината на фудбалот, а оние кој ја играа популарната компјутерска игра “Football Manager”, не може да не се сетат на него.

Стручњаци од целиот свет му прогнузираа сјајна кариера, а најхрабрите во прогнозите дури го споредуваа и со Пеле.

Аду не одговори на големите очекувања и неговата кариера се развиваше надолу. Толку надолу што во моментов е непожелен од новакот во полската елита Сандеција. Аду, кој во моментов е на 28 години, пристигна сепак во Полска, но менаџерот на тимот Радослав Мрожковски не сака да слушне за него и е бесен дека се дејствувало зад грбот од страна на клубот.

“Доаѓањето негово воопшто не е моја идеја. Кој го поканил Франк (тренерот дури не го памети неговото име) Аду да го тестира, тој нека му ја мисли. Наместо да градиме тим, ние собираме стари правосмукалки”, извика бесно тренерот на Сандеција за медиумите.

Аду беше поврзуван за трансфер во Челзи и Манчестер Јунајтед пред десетина години и дури тренираше со “црвените ѓаволи” во Карингтон. Тој играше во Реал Солт Лејк Сити, а во 2007 година се приклучи на Бенфика. Аду не се снејде во Португалија и беше на изнајмување неколку пати, вклучувајќи го и Монако. Тој се врати во САД во 2011 година, а потоа играше во Бразил, Србија поточно во тимот Јагодина и верувале или не третата лига во Финска.

Тој најверојатно нема да потпише со полскиот тим, а за него друг заинтересиран тим во светот засега нема.

Тагови