Ништо ново за Икер Касиљас

Икер Касиљас го изгуби своето место меѓу головите во Порто бидејќи новиот тренер Серхио Консисао преферира меѓу стативите да биде младиот Хосе Са кој дојде од Маритимо пред две години. Португалскиот голман не се снајде баш сјајно на почетните дуели од новата сезона, но и натаму шпанецот е резерва.

Да потсетиме во Реал, Касиљас го загуби своето место кај Хосе Мурињо, но дури и кога “Специјалниот” отиде, Карло Анчелоти му даде приоритет на Диего Лопез, иако Касиљас бранеше во Лигата на шампионите.

Тоа беше компромис, но уште следната година, легендата замина од Мадрид и отиде во Порто.


 

Тагови