Нисколигаш ги “трола” европските гиганти!
Објавено на 15/02/2018 | ФУДБАЛ

Париз Сен Жермен забележа пораз во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите на гостувањето кај актуелниот европски првак Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу.

Иако парижаните први дојдоа во водство и на моменти беа и подобар противник од “кралскиот” клуб , лошата тактика на тренерот Унаи Емери кој при резултат 1-1 реши да го повлече Кавани и да уфрли дефанзивец, како и падот на концентрацијата во последните 10 минути ги чинеше пораз од 3:1.

Веднаш по натпреварот на сцена стапи францускиот прволигаш Дижон кој се огласи на Твитер со шега кон „Светците“. Само за потсетување, претходниот викенд ПСЖ беше немилосрден и го декласираше Дижон со  8-0.

Веднаш по нив се огласи и шпанскиот нисколигаш Фуенлабрада, кој направи огромно изненадување елиминирајќи го Реал во рамките на Кралскиот Куп. На реванш натпреварот кој се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ нисколигашот постигна два гола и остана непоразен, па поради тоа и тие се шегуваат на сметка на ПСЖ, а воедно и на сметка на “кралевите”

„Да, ПСЖ постигна помалку голови од нас на Бернабеу“ – напишаа од Фуенлабрада на Твитер.

Тагови