Носиони стави крај на својата кариера
Објавено на 19/06/2017 | КОШАРКА, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Кошаркарот на Реал Мадрид и еден од најдобрите аргентински кошаркари во изминатата деценија – Андрес Носиони објави дека става крај на својата активна спортска кариера.

Андрес Носиони ја започна својата професионална кариера во татковината со екипата на Олимпија Венадо Туерто во 1996-та година, а три години подоцна пристигнува во Европа каде што игра за Тау Керамика и Манреса. Во 2004-та година аргентинецот оди во НБА каде што игра за Чикаго Булс, Сакраменто Кингс и Филаделфија 76.

Во 2014-та година Носиони потпишува со Реал Мадрид, каде ги одигра последните три сезони, како во дресот на “кралскиот клуб” ја освои титулата во Евролигата во 2015-та година и е избран за “Најкорисен играч” во Финалната четворка на турнирот.

Тагови