НОВ ФУДБАЛСКИ СПЕКТАКЛ ВО СКОПЈЕ! Доаѓа најтрофејниот клуб во светот

По Супер Купот на УЕФА меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, следи нов фудбалски спектакл, откако Вардар и Шкендија ги добија противниците во плеј-офот во Лигата на Европа. Европскиот гигант и најтрофеен клуб во светот – Милан ќе игра двомеч со вице-шампионот на Македонија – Шкендија.

Шампионот на Македонија – Вардар кој не се пласираше во плеј-офот во Лигата на Шампионите, ќе игра во плеј-офот за ЛЕ против турскиот гигант Фенербахче.

Првите натпревари се на 17-ти август, а реваншот една недела подоцна – на 24-ти август. Можно е да има промена во домаќинствата и датумите.

Комплетна ждрепка за плеј-офот во Лига Европа

Шкендија – Милан
Панатинаикос – Атлетик Билбао
Осиек – Аустрија Виена
Аполон Лимасол – Мидтјиланд
Црвена Звезда – Краснодар
Хафнарфордур – Брага
Клуб Бриж – АЕК
Евертон – Хајдук Сплит
Маритимо – Динамо Киев
Виторул – РБ Салцбург

Вардар – Фенербахче
Домжале – Олимпик Марсеј
Ајакс – Розенборг
Партизан – Видеотон
Алтач – Макаби Тел Авив
Утрехт – Зенит

БАТЕ Борисов – Олександрија
Легија – Шериф

Тагови