Нов трипл дабл на Вестбрук за победа над Сан Антонио
Објавено на 11/03/2018 | КОШАРКА

Кошаркарите на Оклхома во дербито на вечерта славеа победа против Сан Антонио со 104-94. Повторно најзаслужен за новиот триумф беше Расел Вестбрук, кој натпреварот го заврши со 19. „трипл-дабл“ оваа сезона (19 поени, 12 асистенции и 10 скока).  Сан Антонио со 29-от пораз во сезонава си ја загрозија својата плеј-оф позиција, и сега имаат само победа повеќе од ЛА Клиперс, Денвер и Јута кои се борат за осмото место.Покрај Вестбрук, добра партија одиграа и Џерами Грент со 15 поени и 8 скока, како и Кори Бруер со 12 поени. Најефикасни кај Сан Антонио беа Руди Геј и Дејвис Бертанс со по 14 постигнати поени.

Шарлот ја прекина серијата од пет порази со победата над Феникс ос 122-115. Доминираше Двајт Хауард со 30 поени и 12 скока, а фантастична вечер имаше и Никола Батум со 29 поени, 12 скока и 7 асистенции.

Вашингтон ја загрози својата борба со Кливленд и Индијана за третото место на Истокот. Загубија убедливо од Мајами со 129-102.

Мајами имаше дури седум кошаркари со двоцифрен ефект, а најефикасен беше Џејмс Џонсон со 20 поени, дополнети и со пет асистенции. Вејн Елингтон уфрли 17 поени, додека по 13 поени имаа Ричардсон, Џонсон, Мекгрудер и Олиник.

Л.А Клиперс во битката за пласман во плеј-оф завршницата славеше победа на домашен терен против тимот наОрландо  со 113-105. Клиперси до триумфот стигнаа благодарение на одличната последна четвртина, во која „магичните“ ги задржаа на само 16 поени. Најефикасен кај победничкиот тим беше Вилијамс со 25 поени, а повторно одличен беше и Милош Теодосиќ, кој натпреварот го заврши со 16 поени и 7 асистенции. Кај поразениот Орландо, Никола Вучевиќ запиша „дабл-дабл“ учинок (17 поени и 10 скока).

Резултати: Шарлот – Феникс 122:115, Мајами – Вашингтон 129:102, Далас – Мемфис 114:80, Оклахома – Сан Антонио 104:94, ЛА Клиперс – Орландо 113:105.

Тагови