Објавен списокот на ракометари за Кадетското Европско Првенство
Објавено на 04/08/2016 | РАКОМЕТ

Селекторот на Кадетската машка репрезентација на Македонија

, Иле Темелковски, го објави списокот на ракометари за собир за припреми за настап на ЕП (Дивизија Б) во Бугарија.

Темелковски повика 21 ракометар на собирот што ќе се одржи во петок (05.06.2016) во спортската сала „Автокоманда“ со почеток од 16:00 часот.

Европското кадетско првенство (Дивизија Б) ќе се игра во Варна и Камчиа во Бугарија во периодот од 15 до 21 август. Македонија е во група со Унгарија, Украина, Ерменија, Косово и Кипар.

Тагови