Објавена рутата за Дакар 2017
Објавено на 30/08/2016 | АВТО МОТО

И официјално е објавена рутата за релито Дакар 2017. За прв пат дел од трките од ова рели ќе се возат во Парагвај која сега е четвртата земја во Јужна Америка по Аргентина, Чиле и Боливија која ќе биде дел од ова рели натпреварување. Сепак оваа година релито нема да се вози во Чиле, а ќе започне во Буенос Аерес, па преку Ла Паз ќе заврши во главниот град на Парагвај, Асунсион.

Дакар 2017 ќе започне на 2. јануари следната година и ќе се вози до 14. јануари. Ова рели ќе биде 29. во историјата, 5. организирано во Јужна Америка.

Dakar 2017 - The route

Тагови