Oд следната година F1 низ улиците на Мајами!?
Објавено на 20/05/2018 | АВТО МОТО

Покрај бројните најавени промени во поглед на техничката регулатива, челниците на Формула 1 планираат и бројни измени во календарот на трките. Последните неколку денови доста се пишува околу евентуалното деби на Мајами во Формула 1 натпреварувањето.

Следната недела управата на градот Мајами на гласање ќе го стави предлогот за одржувањето на F1 трка во овој град, а доколку ова биде одобрено тогаш трката би се одржала во месец октомври со што во 2019 година на територијата на САД ќе возат две трки, во Остин и Мајами.

Инаку во конкуренција за возење следната сезона се уште и Виетнам и Данска, а големи се шансите да не гледаме трки во Белгија, Германија и Јапонија.

Тагови