Од следната сезона WRC во наша близина
Објавено на 09/08/2017 | АВТО МОТО, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Светскиот рели шампионат ќе го зголеми својот календар во 2018-та со круговите во Турција и Хрватска. До неодамна се очекуваше Нов Зеланд да дебитира на светската сцена, но најверојатно ништо од тоа.

Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) објави дека Турција е подготвена за ова натпреварување, а можните датуми ќе бидат во септември. За последен пат оваа земја беше домаќин на WRC во 2010-та.

Во календарот за следната сезона се очекува да отпадне рели Полска по проблемите со безбедноста на гледачите претходно оваа година.

Тагови