Од врвот до дното за само неколку години
Објавено на 20/08/2017 | КОШАРКА

Македонската кошарка периодов го живее најлошиот момент, момент кој и тоа како ќе остави трага во кошаркарската историја. Македонија, од една од најдобрите кошаркарски репрезентации во Европа (барем во топ 15) од вчера е на самото дно на Европа.

Ако пред само неколку години во рамноправни натпревари силите ги одмерувавме со Хрватска, Грција, Полска, Германија, Словенија и други земји, Македонија од вчера e во друштво на Албанија, Ерменија, Португалија, но зад Косово, Естонија, Бугарија, Белорусија, Холандија, Босна и Херцеговина…

Да, четврто пласираната репрезентација на Евробаскетот 2011, од вчера е на самото дно на Европа. И сето тоа за само неколку месеци, неколку години… А сега пак одново, од почеток, ќе мора да се докажуваме против Луксембург, Белгија, Швајцарија и други, за повторно да се вратиме онаму каде што долги години припаѓавме, во елитата.

А дали причината за сето ова е “промената” на генерација или нешто друго, го оставаме тоа на вас…

… И уште еднаш, големо благодарам за сите актери кои изминатиов период несебично придонесоа за овој (не)успех на Македонија.

 

Тагови