Македонските одбојкари ја запишаа и третата победа во Европската лига, откако ја совладаа и Шведска со 24:26, 25:17, 25:18, 26:17.
Првата победа во Европскaта лига сезонава дојде по победата над Азербејџан завчера со 25:19, 25:19, 25:20, а вчера стигнаа и до втората победа во Европската лига, откако ја совладаа и Албанија со 25:21, 25:16, 25:22.
Нашите најдобри одбојкари сеуште го бркаат златото во рамките на Европската Лига. Веќе две години по ред Македонија губи во финалето, лани од Естонија, а пред тоа и од Полска.
Следниот турнир се игра во Албанија.