Одлични вести, Ферги се разбудил од кома
Објавено на 08/05/2018 | Slider, ФУДБАЛ

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон се разбудил од кома по операцијата која ја претрпе поради излив на крв во мозокот.

Медиумите од островото пренесуваат дека 76-годишниот Ферги се наоѓа во значително подобрена здраствена состојба.Откако се разбудил од кома тој разговарал со членови на своето семејство и се распрашувал за здравствените резултати.

Во саботата навачер, Фергусон итно бил пренесен во болница откако му се слошило во неговиот дом, за потоа да биде констатирано дека се работи за излив на крв во мозокот и следел оперативен зафат.

 

Тагови