Официјално: Ботас останува во Мерцедес
Објавено на 14/09/2017 | АВТО МОТО, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Мерцедес конечно му понуди на својот пилот Валтер Ботас продолжување на договорот, кој тој го прифати со задоволство. Значи следната година финецот повторно ќе соработува со Луис Хамилтон и ќе се натпреварува за сребрените стрели со надеж за освојување на титулата во Формула 1.

Ботас се приклучи на тимот на почетокот на сезоната, од Вилијамс, заменувајќи го актуелниот шампион Нико розберг кој реши да се повлече.

Во следните неколку месеци, Волтер имаше мачна задача да се адаптира брзо во тимот и да се претстави соодветно на трикратниот светски шампион Хамилтон. Неговите резултати одговорија на очекувањата, а некои велат дека тој е дури и меѓу кандидатите за шампион за титулата, бидејќи е трет во рангирањето кај пилотите.

Тагови