Официјално: Донарума одби да го продолжи договорот со Милан
Објавено на 15/06/2017 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

Лоша вест за навивачите на Милан. Имено, еден од најталентираните голмани во светот, Џанлуиџи Донарума одби да го продолжи договорот со клубот од Милано. Како што изјави директорот на Милан, Марко Фасоне, а пренесоа италијанските медиуми, агентот на Донарума, Мино Раиола му соопштил нему дека неговиот клиент нема намера да го продолжи договорот.

“Само што имав состанок со Мино Раиола. Тој ме информираше дека Донарума направил дефинитивна одлука да не го продолжува договорот со Милан. Тоа е дефинитивна одлука на играчот” изјави Фасоне за италијанските медиуми кој додаде дека сите во клубот се изненадени од ваквата одлука.

Со ова се отвара излезната врата за Донарума за кого интерес има од ПСЖ и Реал Мадрид кои се спремни да му понудат годишна плата од 6 милиони евра.

Тагови