Официјално: Лестер ги претстави дресовите за следната сезона (ФОТО)
Објавено на 02/06/2018 | Меѓународен Фудбал

Екипата на Лестер и официјално ги претстави новите дресови за следната сезона. Како што и претходно беше познато, новите дресови се изработени од страна на Adidas откако Лестер не го продолжи договорот со Puma.

Новите дресови се во очекуваната добро позната сина боја со препознатливите три линии на Adidas на ракавите. На предната страна има неколку темно сини тенки линии кои се спуштаат во косина од горниот лев кон долниот десен дел од дресот.

Во однос на новите дресови, капитенот на клубот Морган изјави дека истите се со одличен и дизајн, а потенцираше дека со нестрпливост го очекува новиот старт на сезоната.

Тагови