Официјално: Манчестер Јунајтед го доведе првото засилување за ова лето

Манчестер Јунајтед го претстави првото засилување за ова лето, кое дојде од Бенфика, централниот дефанзивец Виктор Линделоф. Според медиумите на Островот, “црвените ѓаволи” платија за швеѓанецот 31 милион фунти.

22-годишниот шведски репрезентативец беше блиску до трансфер на “Олд Трафорд” уште во текот на зимата, но тогаш зделката пропадна. Сега тој ќе стане првото ново засилување на Жозе Мурињо за ова лето.

Линделоф беше привлечен во Бенфика во 2012 година. Во последната сезона тој одигра 47 натпревари за тимот во сите натпреварувања, и ги освои лигата и купот во Португалија.

Се очекува во наредните денови да дојде и хрватот Иван Перишиќ од Интер.

Тагови