ОФИЦИЈАЛНО: Наследникот на Роналдо потпиша со најтрофејниот клуб во светот

Португалскиот напаѓач Андре Силва и официјално потпиша договор со италијанскиот гигант Милан. Договорот на поранешниот напаѓач на Порто со “росонерите” е до 30 јуни 2022 година.

21-годишниот Силва е четвртото ново засилување на Милан за ова лето, а е и најскапото бидејќи трансферната сума е 38 милиони евра. До овој момент Милан ги привлече аргентинскиот стопер Матео Мусакио од Виљареал, швајцарскиот лев бек Рикардо Родригез од Волфсбург и фудбалерот од Брегот на слонова коска Франк Кеси од Аталанта.

Силва дебитираше за “змејовите” во декември 2015 година и има 24 гола во 58 натпревари за клубот, и исто така запиша 7 гола во 8 натпревари за националниот тим на Португалија.

По потпишувањето на договорот Андре Силва отпатува за Русија за учество со репрезентацијата на Португалија во Купот на конфедерациите, а суперѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо се изрази повеќе од ласкаво за клубскиот колега во националниот тим на Португалија.

“Кога се повлекувам, Португалија ќе биде во добри раце, бидејќи екипата веќе си најде одличен напаѓач – Андре Силва”, изјави 32-годишниот Кристијано Роналдо.

Тагови