Официјално: Рома доби нов тренер

Италијанскиот клуб Рома официјално го објави името на новиот тренер. Тоа е поранешниот фудбалер на клубот Еузебио ди Франческо, кој потпиша 2-годишен договор со тимот од Вечниот град.

Ди Франческо помина 4 сезони во Рома како фудбалер од 1997 до 2001 година. Тогаш тој како играч го освои Скудетото (2001 година). Во 2007 година тој се зафати со тренерството прво во Виртус Ланчано, а потоа неговата кариера помина низ Пескара, Лече и од 2012 година во Сасуоло.  Ди Франческо направи име како тренер во Сасуоло, каде работи од 2012 година наваму.

Под негово раководсво “зелено-црните” прво дојдоа до промоција во Серија А, а неколку сезони подоцна стигнаа и до учество во Лига Европа, откако тимот заврши на 6-тата позиција во сезоната 2015/16 година

Сега Ди Франческо го менува во Рома, Лучијано Спалети, кој пред неколку дена го презеде Интер.

Тагови