Оклахома го декласираше Њу Орлеанс
Објавено на 12/02/2016 | КОШАРКА, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Лидерот во Северозападната дивизија на НБА, Оклахома Сити го декласираше гостинот Њу Орлеанс со 121:95, и со тоа стана третиот тим во лигата по Голден Стејт и Сан Антонио, кој стигна до границата од 40 победи во регуларната сезона.

Домаќините победија во секоја од четирите четвртини и ја запишаа 14-та победа во последните 16 натпревари. Расел Вестбрук беше најпрецизен со 23 поени и 10 скока, Кевин Дурант додаде 23 поени и 6 асистенции, а Сержо Ибака заврши со 18 поени и 7 скока. За гостите по 23 поени реализираа Ентони Дејвис и Дру Холидеј.

Оклахома сега е со биланс од 40/14, а Њу Орлеанс 20/33.

Тагови