Олимписка шампионка призна дека била силувана од лекарот на тимот
Објавено на 20/10/2017 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО

Златната олимписка медалистка од Лондон 2012 МeкКајла Марони одлучи да зборува отворено за малтретирањето кое го има доживеано како натпреварувачка на националниот тим на САД за период од седум години.

21- годишната гимнастичарка била силувана, според нејзините сопствени зборови од лекарот на тимот Лери Насар, кој во моментов се наоѓа во затвор во Мичиген и очекува процес во кој ќе треба да одговара за повеќе сексуални злосторства, откако претходно оваа година беше уапсен за поседување на слики со сексуално малтретирани деца.

Тагови