Ова е ракометниот “Нејмар”
Објавено на 03/10/2017 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, РАКОМЕТ

Оваа година видовме неколку спортски рекорди.

Нејмар се пресели во ПСЖ за рекордна сума на фудбалски трансфер, 222 милиони евра, Џејмс Харден потпиша рекорден кошаркаски договор со НБА тимот Хјустон Рокетс 228 милиони долари.

Видовме сег и нов рекорд во ракометот, тоа е голманот Андреас Волф.

Тој ги бранеше боите на германски Кил, и мораше да го одбие унгарски Веспрем со неговите 2,6 милиони евра и надоместок од 700,000 евра годишно, бидејќи доби финансиски подобра понуда.

Виве Тарги Кјелце е полскиот тим кој го купи овој 26-годишен голман за 3 милиони евра и му понуди годишна плата од еден милион евра!

Волф беше претставен вчера во Варшава, а потпиша договор за четири години.

Тој ќе биде воден од Талант Душебаев, кој исто така потпиша нов шест годишен договор.
Покрај него беа претставени и Лука Циндриќ од нашиот шампион Вардар, десното крило Аркадиус Морито, шпанското лево крило Ангел Фернандез Перез, белорускиот пикер Артем Каралек и францускиот пикер Николас Турно сите со договор до 2020 година.

Договорите им беа продолжени и на Деан Бомбач (2022) и Јулен Агинагалде (2019).

Оваа година во тимот дојде и Алекс Дујшебаев синот на Талант, токму од нашиот Вардар.

FOTO: PGE Vive Kielce

Тагови