Објавено на 12/06/2017 |
Меѓународен Фудбал, РАЗНО, ТАЈМ АУТ, ФУДБАЛ
Во петок започнува 21то издание на Европското првенство за фудбалери до 21 година. Натпреварите од ова ЕП ќе се играат на шест стадиони во исто толку градови ширум Полска. Нашите надежни фудбалери натпреварите од групната фаза ќе ги играат во Гдиња и Бидгошч. Во продолжение се прикажани градовите и стадионите домаќини на ова првенство.
Финалниот натпревар ќе се игра на стадионот Краковија во Краков.
1. Лублин, Арена Лублин (15,500)
2. Киелце, Колпортер Арена (15,500)
3. Гдиња, ГОСиР (15,153)
4. Бидгошч, Спортски Комплекс (20,247)
5. Краков, Стадион Краковија (15,016)
6. Тихи, Стадион Мијевски (15,300)