Ова се кандидатите за домаќини на Светското првенство во 2023 година
Објавено на 02/11/2016 | КОШАРКА

Светската кошаркарска куќа, ФИБА денеска ги соопшти потенцијалните кандидати за домаќин на Светското Првенство во 2023 година. ФИБА обелодени дека во конкуренција се 11 земји и тоа Аргентина, Австралија, Германија, Хонг Конг, Израел, Јапонија, Филипини, Полска, Русија и Турција.

Сепак, ФИБА соопштува дека ова светско првенство можно е да се организира во повеќе земји, а оваа идеја произлегува од успехот на последното Европско Првенство кое беше организирано во Франција, Германија, Хрватска и Литванија. Оттука најголеми шанси за организирање на ова големо натпреварување имаат Австралија, Хонг Конг, Јапонија и Филипини пред се поради блискоста на овие земји.

Домаќнот на ова Светско Првенство ФИБА ќе го објави кон крајот на следната година.

Тагови