Ова се најдобрите во месец Март во Премиерлигата

Евертон во март месец освои шест бода од три натпревари. Прво загуби како гостин кај Тотенхем со 3:2, а потоа славеше на својот “Гудисон Парк” против Вест Бромвич Албион (3:0) и Хал Сити (4:0). Нивниот напаѓч Ромелу Лукаку беше стрелец на сите три натпревари, и белгискиот напаѓач е на чело на листата на стрелците во Премиер лигата по 29 круга, со 21 гол. Па така заслужено ја зеде наградата фудбалер на месецот во Премиерлигата.


За менаџер на месецот е прогласен Еди Ноа од Бурмут, кој освои седум поени во три натпревари (реми против Манчестер Јунајтед на “Олд Трафорд” (1:1) и победите над Вест хем (3:2) и Свонси ( 2:0) дома).


Најубавиот гол во март е дело на Андрос Таунсенд во победата над неговиот Кристал Палас над Вест Бромвич.

Тагови