Ова се најлошите 11 за минатата сезона

Како спротивност на идеалниот тим на ФИФА објавени се и 11-те најслаби на своите позиции за минатата сезона. Интересно е дека во листата спаѓаат дури четворица сегашни или поранешни играчи на Барселона.

На голот на “најслабиот” тим за годината е голманот на Манчестер Сити Клаудио Браво, кој се претвори во големо разочарување.

Тројцата бранители се исто така купување на “граѓаните” Џон Стоунс, како и Џереми Матју од Барселона сега Спортинг и Фабио Коентрао од Реал Мадрид, а сега Спортинг.

Четворицата халфови се: Николас Гајтан од Атлетико Мадрид, Ренато Санчез од Баерн Минхен, сега Свонси, Гжегож Криховјак од ПСЖ, сега ВБА и Андре Гомеш од Барселона.

Во нападот се Винсент Јансен од Тотенхем, сега Фенербахче, Пако Алкасер од Барселона и Хесе Родригез од ПСЖ, или сега Стоук.

Постојат и три номинации за најслаб тренер: Арсен Венгер од Арсенал, Дејвид Мојс и Франк де Бур кој се без ангажман.


Тагови