Ова се најскапите фудбалери кои ќе настапат на ЕП во Полска

Во петок стартува Европското Првенство за фудбалери до 21 година. Интересот за овој турнир кај нас е поголем од кога било пред се поради учеството на Македонија. Сепак интересот за овој турнир е голем и во останатите зземји со оглед што на овој турнир ќе настапат бројни млади фудбалски ѕвезди чија пазарна цена на трансфер пазарот не е за потценување.

Најскапиот фудбалер на овој турнир чини 40 милиони евра и станува збор за фудбалерот на Атлетико Мадрид Саул Нигуез. По него на втората позиција со вредност од 30 милиони евра следи Федерико Бернардески за кого се шпекулира дека Јувентус испратил понуда од 50 милиони евра. 30 милиони евра вреди и фудбалерот на минхенски Баерн, Ренато Санчез кој на овој турнир ќе ги брани боите на Португалија.

Во најскапите 10 фудбалери се наоѓаат уште и Доменико Берарди, Хектор Белерин, Ињаки Вилијамс и Џанлуиџи Донарума со вредност од 25 милиони евра како и Жоао Кансело, Марко Асенсио и Денис Суарез.

Најскап македонски фудбалер на овој турнир е Никола Ѓорѓев кој вреди 1 милион евра.

Тагови