Ова се најстарите фудбалски клубови во Светот

Долго се дебатира за тоа во која земја се појавува фудбалот во форма каков што го знаеме. Но сепак едно е сигурно, најстарите фудбалски клубови потекнуваат од Англија.

Во продолжение ви ги претставуваме најстарите клубови во историјата на фудбалот.

 

Шефилд (1857)

Првиот професионален тим, забележан во историјата, е основан во далечната 1857 година во Шефилд. Овој тим бил формиран од страна на индустриски работници кои секој викенд се собирале и играле меѓусебно.

Овој клуб сеуште е активен.

Hallam FC oldest football club 1860Халам (1860)

По Шефилд, Халам е вторниот клуб кој се формира во Шефилд, само три години по Шефилд ФК и официјално да биде регистриран. Основањето на Халам е од исти причини како и Шефилд.

Халам е првиот клуб кој победил на еден официјално организиран турнир. Тоа било Јудан Купот.

Cray Wanderers FC 1860Креј (1860)

Креј е третиот по старост клуб и прв формиран на југот на Англија, во близина на Лондон. Овој клуб бил формиран од страна на работници од Железницата на Кент. Овој клуб е најзаслужните за развојот на фудбалот во Јужна Англија.

FC WanderersF.C Вандерерс (1860)

За овој клуб се верува дека е формиран во 1859 година, но Фудбалската Асоцијација смета дека овој клуб е формиран една година подоцна, во 1860 година. Вандерерс е вториот клуб формиран на југот на Англија и прв кој го освои ФА Купот.

 

Worksop Town FC 1861Ворксоп Таун (1861)

Ворксоп Таун е клуб основан во 1861 година во Нотингемсир. Во моментов овој клуб настапува во шестата по ранг лига на Англија.

Notts County FC 1862 Oldest professional Football ClubНотс Каунти (1862)

Нотс Каунти е фудбалски клуб основан во 1862 година. Овој клуб е еден од 12те основачи на првата фудбалска лига во Англија во 1888 година, а најголемиот успех е победата во финалето на ФА Купот над Болтон во 1888 година.

 

Stoke City 1863 Oldest Football Club in Premier LeagueСтоук (1860)

Можеби еден од најзвучните клубови од овие десет е Стоук. Овој клуб е основан во 1860 година. Како и Нотс Каунти така и Стоук е еден од основачите на првата фудбалска лига на Англија.

Денес овој клуб се натпреварува во Премиер Лигата.

 

Briggs Town FCБриг Таун (1864)

Бриг Таун е формиран во 1864 година, но за разлика од претходните клубови, никогаш не настапувал во првата лига на Англија.

Nottingham Forest 1865 Oldest Football CLub to have won premier LEagueНотингем Форест (1865)

Нотингем Форес е најсупешните клубови од оваа листа. основан е во 1864 година, а првата победа во ФА Купот датира од 1898 година кога славеа на локалниот ривал Дерби.

Нотингем Форест во својата историја меѓудругото има освоено и две титули во Лигата на Шампионите на УЕФА.

 

Sheffield Wednesday Oldest Football ClubШефилд В. (1867)

Најпрво како аматерски клуб, Шефилд е 10от најстар клуб во Англија т.е. светот. Подоцна се трансформира во професионален клуб и прераснува во еден од најуспешните во раниот период на фудбалската лига на Англија.

Тагови