Ова се сите учесници на ЕП во Хрватска
Објавено на 19/06/2017 | РАКОМЕТ

Викендов се одиграа последните натпревари од квалификационата групна фаза за пласман на ЕП во Хрватска кое се игра во јануари следната година, а со тоа познати се и сите учесници на овој турнир.
Покрај Хрватска пласман во групната фаза обезбедија уште и репрезентациите на Франција, Германија, Исланд, Македонија, Чешка, Австрија, Словенија, Норвешка, Црна Гора, Белорусија, Србија, Унгарија, Данска, Шведска и Шпанија. Инаку на ова ЕП нема да учествуваат репрезентациите на Русија и Полска кои беа дел од последните Европски првенства.

Европското првенство започнува на 12 јануари следната година и ќе се игра во Загреб, Сплит, Вараждин и Пореч.

 

Тагови