Озил и дефинитивно во Манчестер Јунајтед

Иргачот од средниот ред на Арсенал Месут Озил им соопштил на соиграчите дека ќе премине во Манчестер Јунајтед. Договорот на германскиот репрезентативец со “топџиите” истекува следното лето и тој не сака да го обнови. Желбата на 29-годишниот плејмеркер е да работи повторно под водство на Жозе Мурињо, со кого беа заедно во Реал Мадрид.

Озил може да се најде на “Олд Трафорд” уште во јануари, откако неодамна Арсен Венгер јавно призна дека не е исклучено двајцата со Алексис Санчез да бидат продадени во случај ако конечно одбијат да ги продолжат договорите. Во исто време Мурињо не крие дека го смета Озил за најдобра “десетка” во светскиот фудбал.

Претставниците на германецот побарале од Арсенал неделна плата од 395 000 евра, додека од клубот му нудат “само” по 275 000. Понудата на Јунајтед за играчот за врска ќе е доста дарежлива – 350 000 евра неделно.

Арсенал го привлече Осил од Реал Мадрид за 47 милиони евра во 2013 година.

Тагови