Озил пред трансфер во Барса
Објавено на 13/02/2016 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

По одбивањето да потпише нов контакт со Арсенал, шпанска Марка објави дека Месут Озил е пред трансфер во Барселона.  Озил сака да ја освои Лигата на Шампионите, но таква можност не гледа во Арсенал  и токму тоа е главната причина поради која Озил одбил да го продолжи договорот со “Топџиите”. Наводно, Озил веќе побарал од својот агентот да стапи во контакт со официјалните лица на Барселона за да се разгледаат можностите за негова преселба на Ноу Камп.


Договорот со Арсенал на Озил му завршува во 2018 година, но со оглед на тоа што Озил одби да го продолжи договорот управата на Арсенал ќе се обиде да ќари на него сега кога неговата пазарна цена е на рекордно високо ниво и изнесува 50 милиони евра. Според изворите на Марка, овој играч веќе во 2010 година имал можност да се пресели во Барселона, но тогашниот тренер Пеп Гвардиола не дал зелено светло за овој трансфер по што Германецот потпиша за Реал Мадрид.

ФОТО: depor.pe

 

Тагови