Пандев: “Имаме млади играчи кои ќе бидат иднината на Македонија”

Капитенот на нашата Македонија Горан Пандев по ремито со Италија (1:1) во квалификацискиот натпревар на Светското првенство, изјави дека неговите соиграчи одиграле добро во одбраната. Искусниот фудбалски македонски бисер кој беше асистент на голот на Александар Трајковски верува дека контранападот бил силно оружје на неговиот тим.

“Ние се заштитиме добро и ги користевме контранападите, колку што е можно повеќе. Така треба да се игра против големите тимови, инаку станува полошо и не можете да се вратите на вистинската патека. Имаме млади играчи, кои растат, се надевам дека ќе бидат иднината на Македонија. Можеме да кажеме дека на Италија не и беше потребен успех против нас, зашто знаеја дека ќе бидат втори. Но Италија е одличен тим и ќе стигнат до Русија” , изјави Пандев.

Тагови