Перишиќ како замена за Пајет?
Објавено на 22/01/2017 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

Францускиот дневен спортски весник Л’Екип објави дека Вест Хем ја најде замената за Димитри Пајет. Францускиот репрезентативец е пред вратите на Олимпик Марсеј па оттука клубот од Лондон треба да најде соодветна замена.

Славен Билиќ и раководството на Премиерлигашот идеална замена за 29 годишниот французин за кого интерес има и од ПСЖ, гледаат во Иван Перишиќ. 27 годишниот напаѓач на Интер сезонава не игра во најдобро светло, но доколку “Чеканџиите” сакаат да го ангажираат ќе мора да му платат на Интер 40 милиони евра.

Проблем за ангажирањето на Перишиќ е тоа што од Интер неколку пати изјавија дека репрезентативецот на Хрватска ќе остане во Милано барем до крајот на сезоната. Сепак тешко ќе биде да одбијат евентуална понуда од 40 милиони евра.

Тагови